четврток, јуни 18, 2026
Дома СВЕТ Трамп не бира зборови: „Овие будали мислат дека не сум бил доволно...

Трамп не бира зборови: „Овие будали мислат дека не сум бил доволно строг кон Иран – или се љубоморни или глупави“

32
EPA/MOHAMMED BADRA

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги наречесо погрдни зборови сите оние, како што рече, мислат дека не бил доволно строг кон Иран. Трамп рече дека овие луѓе се или љубоморни, или лоши, или глупави.

– Овие будали, кои мислат дека не сум бил доволно строг кон Иран, во време кога берзата штотуку достигна рекордно високо ниво, а цените на нафтата паѓаат, се или љубоморни, лоши луѓе или глупави, рече Трамп во објава на социјалната мрежа Truth social.

Неговата изјава доаѓа во време кога медиумите ширум светот ја објавија веста дека Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезизкијан потпишаа Меморандум за прекин на војната меѓу нивните две земји.

Меморандумот содржи 14 точки и е потпишан дигитално, од далечина.

Според Си-Ен-Ен, која објави детали од документот, Меморандумот, меѓу другото, вклучува отворање на Ормутскиот теснец, укинување на санкциите врз Техеран и обезбедување најмалку 300 милијарди долари за обнова и развој на Иран.

ИЗДВОЕНИ