четврток, август 13, 2026
Дома СКОПСКА Нов асфалт за улицата „Ѓорѓи Капчев 5“

Нов асфалт за улицата „Ѓорѓи Капчев 5“

10

Општина Аеродром почна со градежните работи за реконструкција на улицата „Ѓорѓи Капчев 5“.

Од Општината информираат дека ќе се изведува реконструкцијата според постојната состојба, во должина од 279 метри,  при што ќе се асфалтира површина од 1.098 квадратни метри.

Овие активности се одвиваат во рамките на проектот за реконструкција на 18 улици на територијата на Општина Аеродром.

– Продолжуваме активно да работиме на подобрување на уличната инфраструктура низ Општина Аеродром. Ветивме – реализираме. Чекор по чекор, улица по улица, градиме подобар и поуреден Аеродром – изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

 

ИЗДВОЕНИ