сабота, ноември 7, 2026
Дома СКОПСКА Нов асфалт за улицата „3“ во Дељадровци

Нов асфалт за улицата „3“ во Дељадровци

38

Општина Илинден интензивно продолжува со реализација на  активностите за реконструкција, рехабилитација и изградба на локалната патна инфраструктура, во согласност со утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што е извршено асфалтирање на дел од улица „3“ во населеното мести Дељадровци, во вкупна должина од 350 метри.

-Продолжуваме со реализација на проекти кои се од директно значење за граѓаните и за подобрување на условите за живеење во сите населени места. Реконструкцијата на локалните улици е еден од нашите приоритети, а и во наредниот период ќе продолжиме со санација и унапредување на патната инфраструктура, согласно потребите и приоритетите на граѓаните – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој изврши увид во тековните активности.

Општина Илинден останува посветена на рамномерен развој и подобрување на условите за секојдневно одвивање на сообраќајот, унапредување на локалната патна мрежа и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

ИЗДВОЕНИ