среда, јули 1, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Невремето зад себе остави рекордни врнежи: Во Црешево наврнаа 74 литри дожд...

Невремето зад себе остави рекордни врнежи: Во Црешево наврнаа 74 литри дожд на метар квадратен

570

Најголемо количество дожд во изминатите 12 часа е измерено во скопско Црешево, каде наврнале дури 74 литри на квадратен метар, покажуваат најновите податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

По Црешево, најмногу врнежи се регистрирани во Гази Баба со 44 литри на квадратен метар, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри.

Во Зајчев Рид и Струмица се измерени по 18 литри на квадратен метар, на Попова Шапка 15, во скопската населба Карпош 13, во Претор 12, а по 11 литри во Ѓорче Петров и Демир Капија. Во Гевгелија наврнале 10 литри, во Кавадарци 9, Велес 8, Петровец 7, Тетово 5, а по 3 литри се измерени во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.

Од УХМР нагласуваат дека овие вредности се измерени на дождомерните станици на Управата, но поради локалниот карактер на невремето, на одделни локации паднатата количина на дожд можела да биде значително поголема од официјално измерената.

Според најновата прогноза, вечерва времето е променливо облачно, со слаб локален дожд во Полошкиот Регион. До крајот на денот облачноста постепено ќе се намали, а во текот на ноќта не се очекуваат нови врнежи. Ќе преовладува претежно ведро време, информираат од УХМР.

ИЗДВОЕНИ