среда, јули 1, 2026
Дома СВЕТ Прогласени се седум дена национална жалост: Бројот на жртви од земјотресите во...

Прогласени се седум дена национална жалост: Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 2.295

0
screenshot video

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата недела се искачи на 2.295, изјави денес претседателот на Венецуелското Национално собрание, Хорхе Родригез.

Родригез во обраќање на државната телевизија изјави дека 11.267 лица се повредени во земјотресите, според моменталните податоци, и дека 6.461 лице е спасено, објави „Ел Паис“.

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, прогласи седумдневна национална жалост за жртвите од земјотресот, почнувајќи од оваа среда, наведе шпанскиот весник.

Венецуела беше погодена на 24 јуни од два силни, последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои се случија во интервал од 39 секунди, а најтешко беа погодени крајбрежната држава Ла Гваира и главниот град Каракас.

По овие два разорни земјотреси, Венецуела беше погодена од повеќе од 600 последователни потреси, претежно со послаб интензитет, од кои еден беше со јачина од 4,6 степени според Рихтер, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ