сабота, септември 12, 2026
Дома МАГАЗИН Невообичаена чест од научниот свет: Четири нови видови инсекти именувани по Тејлор...

Невообичаена чест од научниот свет: Четири нови видови инсекти именувани по Тејлор Свифт/фото

0

Научниците именуваа четири новооткриени видови инсекти по американската суперѕвезда Тејлор Свифт; суштествата припаѓаат на новоименуваниот род *Swiftiephylus*, соопшти Универзитетот во Калифорнија, Риверсајд.

Во рамките на овој род, експертите идентификуваа четири вида именувани по пејачката и нејзините албуми: *Swiftiephylus taylorae*, *Swiftiephylus amator*, *Swiftiephylus intrepidus* и *Swiftiephylus poetorum*.

Имињата претставуваат латински верзии на името „Тејлор“ и на албумите *Lover*, *Fearless* и *Poets* (со алузија на албумот *The Tortured Poets Department*).

Од универзитетот наведоа дека инсектите припаѓаат на семејството на мекокрили цветни бубачки. Докторантката Сара Шрадер, коавтор на студијата, се надева дека ова именување ќе привлече поголемо внимание кон зачувувањето на инсектите.

„Како долгогодишен обожавател, сметав дека е сосема природно да ѝ оддадам почест на Тејлор Свифт на овој начин, а истовремено и да го свртам вниманието кон разновидноста на инсектите што допрва треба да се открие“, изјави Шрадер во соопштението објавено од универзитетот.

Таа додаде дека изгледот на инсектите бил уште една причина поради која ги именувала по Свифт.

„Тие имаат црвеникаво-портокалови структури на своите тела со светла боја, кои потсетуваат на цвеќиња. Тејлор Свифт е позната по својата руса коса и црвени усни. Овие инсекти се бледожолти, со црвени детали по целото тело“, рече таа.

Четирите нови вида се тревопасни и се тесно поврзани со австралискиот растителен род *Allocasuarina*.

Инсектите биле откриени во периодот помеѓу 1995 и 2004 година, како дел од проект за биодиверзитет во кој учествувале американски и австралиски истражувачи. Во тоа време, експертите собрале 50.000 примероци кои требало да бидат класифицирани, анализирани и идентификувани.

ИЗДВОЕНИ