четврток, јули 2, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Невидливи „зебри“, видлива опасност!

Невидливи „зебри“, видлива опасност!

0

Избледените и речиси невидливи пешачки премини низ земјава не се случајност. Тие се последица на начинот на кој општините ги спроведуваат набавките за нивно обележување. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за општинските тендери за бележење на пешачките премини покажува дека поголем дел од општините воопшто немале набавки за т.н. хоризонтална сигнализација на улиците во последните три години, а во многу случаи каде што ваквите набавки се реализираат, не се поставуваат јасни критериуми за квалитетот и за трајноста на бојата со која се бележат пешачките премини. Поради тоа, дури и таму каде што се трошат јавни средства за обележување на улиците, резултатот не се секогаш видливи и безбедни пешачки премини

 

Непостојните и избледените пешачки премини, кои секојдневно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, во голема мера се поврзани со начинот на кој општините ги спроведуваат тендерите за нивно обележување.

Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации за општинските тендери за бележење на пешачките премини покажува дека поголем дел од општините воопшто немале набавки за т.н. хоризонтална сигнализација на улиците во последните три години, а во многу случаи каде што ваквите набавки се реализираат, не се поставуваат јасни критериуми за квалитетот и за трајноста на бојата со која се бележат пешачките премини. Поради тоа, дури и таму каде што се трошат јавни средства за обележување на улиците, резултатот не секогаш се видливи и безбедни пешачки премини.

Според истражувањето дека за повеќе од половина од локалните самоуправи, конкретно за 46 од 81, во електронскиот систем нема ниту еден тендер за хоризонтална сигнализација во периодот од 2023 до 2025 година.

– Помали општини имале тендер секоја година во анализираниот период, наспроти општини со значително повеќе население и сообраќај, кои бележеле само еднаш или двапати во истите три години – е наведено во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Во групата општини кои во анализираниот период немале спроведено ниту една јавна набавка за обележување улици доминирале помали општини, но меѓу нив биле вклучени и поголеми по бројот на жители, како Аеродром, Чаир, Бутел и Сарај.

–Мал дел од општините кои во изминатите три години немале вакви набавки, меѓу кои и скопски Чаир, спровеле тендер за оваа намена во тековната година, додека останатите најверојатно ќе ја пропуштат и 2026 година – соопштија од Центарот за граѓански комуникации.

Она што според Центарот дополнително ја проблематизира целата состојба е фактот дека и во општините каде што имало тендери за обележување, нивната зачестеност исто така била неконзистентна. Помали општини, како Берово, Ресен и Крива Паланка, имале тендер секоја година во анализираниот период, наспроти општини со значително повеќе население и сообраќај кои бележеле само еднаш или двапати во истите три години.

Притоа, само дел од општините дефинирале конкретни стандарди и карактеристики на бојата, додека во голем број општини техничката спецификација била сведена само на два збора, „боја за патишта“, без никакви мерливи критериуми за квалитетот.

– Без минимални технички барања за бојата, нема механизам за проверка колку време ќе трае набавената боја – а јавните пари се трошат без очекуваниот ефект – нагласуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Воедно, истражувањето покажува дека само дел од општините дефинираат конкретни стандарди и карактеристики на бојата, додека во голем број општини, техничката спецификација е сведена само на два збора, „боја за патишта“, без никакви мерливи критериуми за квалитетот.

– Без минимални технички барања за бојата, нема механизам за проверка колку време ќе трае набавената боја – а јавните пари се трошат без очекуваниот ефект – нагласуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Освен тоа, истражувањето покажало големи разлики во цената на бојата. Анализата на единечните цени открива ценовни разлики и до 4 пати. Бојата била купувана од 132 до 296 денари за килограм, додека, пак, цените за услугите за бележење со бела боја и стаклен перлит се движеле од 281 до 802 денари за квадратен метар.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ