недела, јуни 28, 2026
Дома СВЕТ Невиден скандал го тресе Лувр: Вработените го ограбиле познатиот музеј за 10...

Невиден скандал го тресе Лувр: Вработените го ограбиле познатиот музеј за 10 милиони евра

Истрагата во Лувр откри мрежа за измами што го чинеше музејот 10 милиони евра, а девет лица веќе се обвинети.

130

Вработен во музејот Лувр во Париз е приведен и предаден на истражен судија под сомнение дека е поврзан со широка мрежа за измами со билети. Ова е дел од истрагата во која се вклучени неколку лица, соопшти локалното обвинителство, пренесе Танјуг.

Истрагата, започната во јуни 2025 година, се однесува на наводна измама од повеќе од 10 милиони евра во Лувр – еден од најпосетуваните музеи во светот, објавува Ле Фигаро.

Според обвинителството, досега се обвинети девет лица, вклучувајќи вработени во музејот и туристички водичи, додека се сомнева дека мрежата работела со години и им дозволувала на туристички групи да влезат со повеќе билети.

Едно од овие лица беше обвинето за организирана измама, фалсификување, помагање и поттикнување на влез и движење на странска државјанка како дел од организирана група, активна корупција, тешко перење пари и учество во криминална организација, по што беше наредено да биде притворено.

Француските власти тврдат дека некои осомничени, вклучително и вработени во Лувр, користеле фалсификувани или повеќекратни картички за да го организираат нелегалниот влез на групи.

Дел од парите стекнати на овој начин нелегално наводно биле инвестирани во недвижности во Франција и во странство. Истрагата продолжува, а обвинителството не ја исклучува можноста за нови апсења и проширување на случајот.

ИЗДВОЕНИ