Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025 година изнесувал 4,586 милијарди евра или 27,1 проценти од БДП. Според податоците од централната банка, нето надворешниот долг во четвртиот квартал од 2025 година е зголемен за 102 милиони евра или за 2,3 проценти.
– Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71 проценти – информира Народната банка.
Во четвртиот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 25 милиони евра и изнесува 8,750 милиони евра, што претставува 51,6% од БДП за 2025 година.












