четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН “За добрите стари времиња“ – Сања Долежал и “Нови фосили“ повторно во...

“За добрите стари времиња“ – Сања Долежал и “Нови фосили“ повторно во Скопје

97

Радосни вести за многубројни македонски обожаватели!

“Одлетаа годините, а убавите сеќавања остануваат засекогаш“, вака тажно напишала Сања Долежал, најпопуларната пејачка од некогашната мегапопуларната група “Нови фосили“. Се уште згодната Сања, со тоа се присети на членовите на овој  бенд кои за жал, веќе не се веќе физички присутни со нас. А, тоа се: Слободан Момчиловиќ-Мока, Маринко Колнаго, хитмејкерот Рајко Дујмиќ, Ненад Шариќ (сопругот на Сања), како и првата пејачка на групата, Ѓурѓица Барловиќ.  Живи и здрави се, уште само, Владимир Кочиш-Зец и секако  Сања Долежал. “Нови фосили“ е групата која во текот на осумдесетите години имаше неописиво голема популарност со гомила хитови, а меѓу нив и неколку на македонски јазик.Групата фантастично настапи и на Песна на Евровзија, кога ја представуваше Југославија со хитот “Ја сам за плес“. Изјавата на Сања за поминати години, разбуди носталгија кај фановите кои во меѓувреме пораснаа, се вљубуваа со тие песни и стануваа родители.

Да потсетиме, дека Сања и Зец како “Нови фосили“ со се уште тогаш живиот Маринко, пред две години имаа многу успешен концерт во преполна Македонска филхармонија. Како стојат работите, (преговорите се во тек), повторно да ги видиме и слушаме во Скопје, како извонредно ни ги враќаат прекрасните спомени низ песните: “Е, мој Саша“, “Милена, генерацијо моја“, “Да те не волим“, “Твоја кошуља плава“, “Диридонда“, “Не оплакуј нас љубави“,  “Девојче Македонче“                                       и најголемиот хит  “За добра стара времена“.   (Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ