
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека постојат сомневања оти „непријателите“ би можеле да се обидат да извршат напад врз Израел пред изборите закажани за 27 октомври, но предупреди дека би било најдобро никој да не „си игра“ со Израел.
„Имаме индиции дека, во пресрет на изборите, нашите непријатели ќе се обидат да нè нападнат“, рече Нетанјаху во видео-обраќањето снимено за време на неговата посета на воздухопловната база „Тел Ноф“, пренесува „Тајмс оф Израел“ (The Times of Israel).
Тој истакна дека ја упатува пораката токму од таа база – опишана како една од „долгите раце на Израел“, пренесе „Танјуг“.











