четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Нетанјаху ги исмеа виралните теории на заговор дека е убиен: „Умрев… за...

Нетанјаху ги исмеа виралните теории на заговор дека е убиен: „Умрев… за кафе“/ВИДЕО

229
EPA/WILL OLIVER / POOL

Објавата на Бенјамин Нетанјаху на мрежата X изгледа како одговор на виралните објави во кои се тврдеше дека е убиен – објави кои беа оспорени како создавање на вештачка интелигенција затоа што наводно изгледало дека има повеќе од десет прсти, објави АП.

Во видео снимено во израелско кафуле и објавено онлајн денес, Нетанјаху зема капучино со театарска леснотија и се свртува кон камерата.

„На интернет велат дека премиерот е мртов? Умирам за кафе“, рече тој.

Потоа ги рашири прстите на двете раце за да покаже дека имал само десет, пред да го испие кафето.

ИЗДВОЕНИ