Американските разузнавачки агенции го информирале американскиот претседател Доналд Трамп дека покојниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, имал сериозни сомнежи дека неговиот син Моџтаба Хамнеи треба да го наследи на таа позиција, дознава денес Си-Би-Ес њуз од повеќе извори во администрацијата.
Според овие проценки, постариот Хамнеи бил претпазлив во врска со можноста неговиот син, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, да ја преземе власта бидејќи се сметал за „не особено бистар“ и немал квалификации потребни за да ја води земјата, велат изворите.
Собраните информации, исто така, укажуваат дека Али Хамнеи бил свесен за одредени проблеми што неговиот син ги имал во приватниот живот, велат извори од администрацијата, разузнавачката заедница и кругови блиски до претседателот.
Во приватни разговори, Трамп, според изворите, им рекол на блиските соработници дека не е сигурен дали информациите за Моџтаба Хамнеи се воопшто важни, оценувајќи дека Иран во моментов е практично без лидерство и дека е можно помладиот Хамнеи да е убиен. Белата куќа верува дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда во моментов донесува клучни одлуки во Иран.
Моџтаба Хамнеи е избран за трет лидер на Иран. Тој е син на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, кој, според иранските власти, бил убиен во нападите на САД и Израел на 28 февруари.












