Поранешниот украински премиер Микола Азаров, чиј прес-секретар Сергеј Заворотни беше цел на обид за атентат денес, изјави дека верува оти зад нападот стојат украинските разузнавачки служби.
„Мислам дека главниот мотив беше неговата новинарска активност насочена кон разоткривање на режимот во Киев“, додаде тој.
Да потсетиме, автомобил „Тојота“ во кој патувал Заворотни експлодирал во Москва утрово. Тој бил исфрлен од возилото од силата на експлозијата и е во критична состојба.
Медиумите, исто така, објавија дека Заворотни имал рани од шрапнели на градите и грбот, како и сериозни повреди на нозете.
Според првичните, неофицијални анализи, импровизирана експлозивна направа била поставена под возачкото седиште, а таа експлодирала неколку минути откако автомобилот го напуштил дворот на улицата Кировоградскаја.












