Денеска ширум Балканот и тоа особено во планинските предели на Хрватска, односно поконкретно, Горски Котар, попладнето и вечерта очекува пообилен снег со формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри а може и повеќе, најави Славчо Попоски.
Исто така во погоре споменатиот период нагла промена на времето следува и во Босна и Херцеговина, северот на Црна Гора и на југозападот на соседна Србија кога најпрвин на планините врнежите од дожд нагло ќе преминат во врнежи од снег а особено во Босна првите снежни врнежи се очекуваат и во градовите, а првиот снег за оваа сезона може да се очекува и во Сараево.
Исто така особено во Босна на планините очекувам формирање на снежна покривка од 10 до 20 сантиметри а локално може и повеќе, мала снежнна покривка може да се формира и во дел од градовите во Босна, како и во Сараево.
Температурите нагло паѓаат и за 20 степени па така петок вечерта на 13 ноември овие предели од температури над 20 степени за само неколку часа ќе ги заменат зимски температури кои ќе паднат под нулата со што ќе има и појава на мраз. Сето ова ќе биде проследено и со северен и североисточен ветер кој повремено ќе биде и засилен на интензитет.
Оваа брза и голема промена на времето особено негативно ќе се одрази врз метеопатите каде што се можни значителни здравствени проблеми, пишува метеорологот.












