Легендарниот тренер на Вардар, на машката и женската екипа, Едуард Кокшаров, почина на 51-годишна возраст. Последниот ангажман на поранешното лево крило на Русија и олимписки шампион беше во Мешков од Брест, а од тимот се огласија со соопштение.
- Изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и најблиските. Со длабока тага ја известуваме јавноста дека главниот тренер на нашиот ракометен клуб, олимписки шампион, светски шампион и победник на Лигата на шампионите, Едуард Александрович Кокшаров, ненадејно почина на 51-годишна возраст. Ова е ненадоместлива загуба за целото ракометно семејство и голем шок за светската ракометна заедница – се вели во соопштението на клубот.
Големата ракометна ѕвезда ги помина своите најдобри денови во Целје, во клубот Пивоварна Лашко, со кој ја освои Лигата на шампионите на ЕХФ во 2004 година. Како тренер, работеше во ЖРК Вардар во периодот во 2016 година, а беше спортски директор и на машкиот тим, кој го водеше на неколку натпревари.











