
Предводникот на италијанскиот калчо гигант Милан, Масимилијано Алегри, стави крај на сите шпекулации кога е во прашање неговата фунција на „Сан Сиро“. Трофејниот стручњак ги демантираше информациите дека е во „војна“ со клупските челници и додаде дека не планира да си замине од клубот затоа што е среќен во Милано и додаде дека постои максимална хармонија во соблекувалната.











