
Сопствениците на можеби најбогатиот клуб во Саудиска Арабија, Ал Хилал, испратиле неморална понуда до португалскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш. Како што информираат британските медиуми, искусниот играч за врска добил понуда која му гарантира годишна плата од 65 мил. фунти.