
Легендарниот бразилски фудбалер и капитен на Сантос, Неимар, најверојатно, ќе биде најновата ѕвезда што ќе ја продолжи својата кариера во американската МЛС-лига. Како што информираат бразилските медиуми, Неимар е во сериозни проблеми поради конфликтот што го имаше со синот на својот поранешен соиграч Робињо и затоа сериозно ја разгледува опцијата за преселба преку Барата.











