Од профилот со име „Мачорот Лари“ објавена е хумористична порака за големиот прекин во услугите на американската компанија.
Имено, Лари, кој е постојан жител на резиденцијата на британскиот премиер на Даунинг стрит, е „обвинет“ дека џвакал кабли и е виновен за големиот прекин во „Мајкрософт“.
„Причината за проблемот во работата на „Мајкрософт“ е откриена“, се вели во објавата на социјалната мрежа X.
Пораката беше придружена со анимирано видео (GIF) од бело маче кое џвака кабли. Објавата го привлече вниманието на корисниците и собра повеќе од 4.000 лајкови.
Шегата се однесува на проблеми со услугите на „Мајкрософт“, кои беа пријавени еден ден претходно во САД, Велика Британија, Германија, Канада и Франција.
Претставниците на компанијата изјавија дека работат на решавање на проблемите и дека ги следат перформансите на засегнатите делови од инфраструктурата за да обезбедат нивна стабилност.
Cause of Microsoft outage revealed: https://t.co/QYTBBG8cy5
— Larry the Cat (@Number10cat) November 13, 2026












