Австралискиот премиер Ентони Албанес и министерот за енергија Крис Боуен се најдоа во малку непријатна ситуација откако беа снимени за време на меѓународната климатска конференција COP31 во Турција како разговараат каде ги чуваат своите мобилни телефони и какви ефекти може да има нивното зрачење врз здравјето. Дуото не знаело дека микрофоните и камерите сѐ уште се вклучени.
Непријатен разговор
Сето тоа се случи во петокот, на паузата на конференцијата, кога Албанес започна разговор со министерот за навиките за користење мобилни телефони.
– Дали го чуваш мобилниот овде? – го праша премиерот покажувајќи кон левиот џеб од јакната.
– Најчесто да – одговори Боуен.
Албанес потоа го предупреди за можните здравствени ризици поврзани со зрачењето на мобилните телефони, изразувајќи загриженост за неговото потенцијално влијание врз ткивото и срцето.
Здравствени ризици
Боуен одговорил дека е свесен за тие предупредувања и дека токму поради тоа престанал да носи мобилен телефон во џебот од панталоните.
– Поради вашиот пен*с? – низ смеа го праша премиерот.
„Поради мојот пен*с, потврди Боуен, исто така смеејќи се.
– Тоа е прилично важно. Веројатно поважно од срцето – додаде министерот, по што и двајцата пукнаа од смеење.
Снимката изненади
Снимката од неформалниот разговор, која очигледно не беше наменета за јавноста, набрзо го привлече вниманието на австралиските медиуми, а ја емитуваше и порталот news.com.au.
Инаку, иако често се дискутира за можните здравствени последици од држењето мобилен телефон до телото, досегашните научни истражувања не дадоа убедливи докази дека вообичаената изложеност на радиофреквентно зрачење од мобилните телефони предизвикува оштетување на срцето или репродуктивните органи.












