Излегоа детали од документарецот на Рафаел Надар. Шпанецот е еден од најголемите тенисери на сите времиња, а неговата приказна наскоро ќе биде прикажана на „Нетфликс“.
Пред објавувањето, се појави дел кој се занимава со бројните проблеми што ги имал Рафаел Надал уште од самиот почеток на неговата кариера. Имено, тој страдал од синдромот Милер-Вајс, деформација на левото стапало, уште од мал. Поради тоа користел специјални чевли за играње.
- Мојот проблем беше неизлечив. Единственото нешто што беше можно беше да се направат некои промени за да се направи болката поподнослива, рече Надал во документарецот.

Лековите против болки биле негово секојдневие.
- Имаше време кога чувствував постојана болка. Мојот физиотерапевт мораше да контролира колку од овие лекови земам за да не претерувам. И потоа еден ден решив дека јас ќе одлучам колку ќе земам. Повеќе не се консултирав со никого, бидејќи знаев дека никој нема да се согласи со мене, додава Надал.
И покрај се, бил свесен за ризиците.
- Зедов многу повеќе лекови против болки отколку што требаше. Затоа имав две перфорации на цревата. Но, ако не го направев тоа, мојата кариера ќе беше катастрофа, вели Рафа.
Шпанецот тврди дека без лековите неговата кариера ќе беше поскромна и дека не би можел да освои 22 Гренд слем титули.
- Ако не го направев тоа, ќе освоев 10-12 Гренд слем помалку. Радоста од играњето беше посилна од сè друго, рече Рафаел Надал.











