сабота, октомври 10, 2026
Дома БАЛКАН „Нема исклучоци и нема кратенки“! Фицо: Украина не може да ги прескокне...

„Нема исклучоци и нема кратенки“! Фицо: Украина не може да ги прескокне земјите од Западен Балкан патот кон ЕУ

531

Украина не треба да напредува кон членство во ЕУ побрзо од земјите од Западен Балкан кои подолго време се во процесот на европска интеграција, изјави денес словачкиот премиер Роберт Фицо по разговорите со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Братислава.

Фицо рече дека Словачка го поддржува проширувањето на ЕУ и членството за сите земји кои ги исполнуваат потребните услови, но дека истите правила мора да важат за сите кандидати.

„Нема исклучоци и нема кратенки. Ова важи и за Украина“, рече Фицо, додавајќи дека Украина не може да оди побрзо од Црна Гора, ниту да ги престигне Албанија или Србија, кои подолго време се подготвуваат за членство, пренесува TASR.

Тој наведе дека словачката влада е подготвена да ги сподели сите искуства што ги стекнала од сопствениот процес на интеграција, но на Украина не треба да ѝ се даваат исклучоци во овој поглед.

„Словачката влада ќе биде апсолутно строга по ова прашање“, нагласи Фицо.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој денес ја започна турнејата низ главните градови на ЕУ, рече дека Унијата треба да продолжи да ги поддржува Западен Балкан, Молдавија и Украина на нивниот пат кон членство, со процес базиран на заслуги и еднаков третман на сите кандидати.

ИЗДВОЕНИ