Меѓу учениците во Стручното средно училиште во Велика Горица се проширила порака која наводно содржи закани за доаѓање со оружје, а се споменува и список на ученици кои би можеле да бидат загрозени, пренесува информативниот портал „Индекс“.
Загрижени родители наведуваат дека нивните деца се плашат да одат на настава поради овие закани.
Од училиштето потврдија дека се запознаени со ситуацијата, како и дека полицијата е известена и вклучена во случајот уште од синоќа.
Наведоа дека надлежните органи веднаш реагирале и ги презеле потребните мерки, согласно утврдените протоколи. Нагласија дека ситуацијата е под контрола, дека безбедноста на учениците и вработените не е загрозена, а наставата се одвива според предвидениот распоред.












