Вечерва, 27 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот во арената „Борис Трајковски“ (Т-Арена) во Скопје, групата „Некст тајм“ настапува пред својата долгогодишна верна публика под мотото „18 години музика и емоции“, по повод одбележувањето на 18 години од нивната музичка кариера.
Замислен како аудио-визуелен спој меѓу нивните стари поп-рок хитови („Нешто што ќе остане“) и преработките на македонските традиционални песни („Ја излези Ѓурѓо“, „Зајди, зајди“, „Налеј, налеј“), дополнет со посебна сценска приказна, концертот на „Некст тајм“ со секоја новоизведена песна се претвора во вечер за сите генерации, за сите „некогаш“ и сите „сега“, за љубовта кон музиката и македонската песна.

Најголем подарок за публиката на концертот секако е нивната најнова авторска балада насловена „Години“, промовирана во пресрет на настанот, која вечерва за првпат ја изведуваат во живо пред скопската публика.

Како една од специјалните гости на сцената им се придружувa Антонија Гиговска, со чиј заеднички настап дополнително се засилува музичкиот впечаток, оставајќи моќен печат на македонската музичка сцена.



Фото: П. Стојановски













