четврток, јуни 25, 2026
Дома СВЕТ Неизвесност околу мировните преговори помеѓу САД и Иран

Неизвесност околу мировните преговори помеѓу САД и Иран

35
Фото: EPA/SHAHZAIB AKBER

Ситуацијата останува неизвесна околу мировните преговори меѓу САД и Иран. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека очекува Иран наскоро да даде „сериозен предлог“ за прекин на огнот и покрај, како што рече, поделбите меѓу врвните ирански функционери.

Во исто време, двете страни се обвинија меѓусебно за кршење на прекинот на огнот во Ормутскиот теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекинот на огнот меѓу САД и Иран останува на сила, и покрај новата размена на оган меѓу американските и иранските сили во теснецот.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, ги обвини САД дека се одлучуваат за „неодговорна воена авантура“ секогаш кога е можно дипломатско решение.

Во меѓувреме, Централната команда на САД објави дека американските сили блокираат 70 танкери да влезат или излезат од иранските пристаништа, за кои велат дека треба да транспортираат иранска нафта во вредност од околу 13 милијарди долари.

Сепак, иранските власти изјавија дека производството и извозот на нафта не биле прекинати во текот на 40-дневниот конфликт, додавајќи дека разгледуваат нови извори на приходи преку посилна контрола на Ормускиот теснец, односно надоместоци за премин.

Во тој период, американскиот Стејт департмент објави дека САД ќе посредуваат во интензивните дводневни разговори меѓу Израел и Либан што ќе се одржат на 14 и 15 мај.

ИЗДВОЕНИ