понеделник, август 17, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Негувателки во градинки пријавени за насилство врз деца во Скопје и Берово

Негувателки во градинки пријавени за насилство врз деца во Скопје и Берово

0

Два случаи поврзани со инциденти во детски градинки се евидентирани во полицискиот билтен.

Во Скопје, вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026 година, откако ја земала својата петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, девојчето ѝ кажало дека било удрено од негователка. Според пријавата, детето се пожалило и дека негователката ја стиснала за ногата. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во вториот случај, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против С.Д. (33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, како и против А.Д. (33) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Според полицискиот билтен, на 06.07.2026 година, првопријавената, која била вработена во Општинската јавна установа за деца – градинка во Берово, згазнала на прст од раката на малолетно дете во градинката. Во истата установа, второпријавениот упатувал закани кон првопријавената.

Од надлежните институции се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување и документирање на двата случаи.

ИЗДВОЕНИ