Започнува наставата во една смена во основните училишта „Тошо Велков-Пепето“ и „Димка Ангелов- Габерот“. Другите две основни училишта, „Гоце Делчев“ и „Тодор Мицов“, ќе преминат во едносменска настава во училишната 2027/2028 година. За оваа намена, веќе се обезбедени милионски буџети во евра за доградба на уште 14 училници.
– Со оваа промена, училиштата ќе им овозможат на децата, во попладневните часови, да учествуваат во креативни проекти, спортски активности, забавни содржини, па дури и користење на базените и на СПА-содржините што им стојат на располагање. Покрај наставниците, во новиот систем со целосно работно време преминуваат и сите возачи ангажирани за превоз на учениците – заклучи Јанчев
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, обелодени дека по повеќегодишни вложувања во инфраструктурата; реновирање училишта, нови покриви, изолација и изградба на спортски сали, Општина Кавадарци, во соработка со Министерството за образование, успешно ја завршила анализата за премин кон едносменско работење.
– Успеавме, без разлика на категоријата на наставници, било да се одделенски, предметни или друг кадар, да обезбедиме никој да не остане без работа. Сите вработени го задржуваат својот работен ангажман, што беше една од основните грижи кај наставничкиот колектив – истакна Јанчев.
Започнува наставата во една смена во основните училишта „Тошо Велков-Пепето“ и „Димка Ангелов-Габерот“.
Другите две основни училишта, „Гоце Делчев“ и „Тодор Мицов“, ќе преминат во едносменска настава во училишната 2027/2028 година. За оваа намена, веќе се обезбедени милионски буџети во евра за доградба на уште 14 училници.
Јанчев нагласи дека едносменското работење не значи само претпладневна настава туку и трансформирање на училиштата во современи образовни центри.
– Со оваа промена, училиштата ќе им овозможат на децата, во попладневните часови, да учествуваат во креативни проекти, спортски активности, забавни содржини, па дури и користење на базените и на СПА-содржините што им стојат на располагање. Покрај наставниците, во новиот систем со целосно работно време преминуваат и сите возачи ангажирани за превоз на учениците – заклучи Јанчев.












