четврток, јуни 11, 2026
Дома СВЕТ Не се договоривме така – Иран лошо управува со Ормуз, вели Трамп

Не се договоривме така – Иран лошо управува со Ормуз, вели Трамп

68
EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го обвини Иран дека работи „многу лошо“ и дека се однесува „нечесно“ во управувањето со минувањето на нафтата низ Ормускиот теснец, велејќи дека тоа не е во согласност со договорот за кој тврди дека постои меѓу страните.

„Иран работи многу лошо, некои би рекле нечесно, дозволувајќи нафтата да поминува низ Ормускиот теснец. Тоа не е договорот што го имаме“, рече Трамп на мрежата Truth Social.

Трамп вчера изјави дека Иран не треба да наплаќа даноци на танкерите што минуваат низ Ормускиот теснец.

ИЗДВОЕНИ