недела, јуни 7, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА “Не паничете, издржете еден месец – растот на цената на нафтата е...

“Не паничете, издржете еден месец – растот на цената на нафтата е привремен“, порачува сопственик на нафтена компанија

505

Њујоршкиот милијардер Џон Кациматидис, сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп и сопственик на нафтената компанија „Јунајтед Рафининг Компани“, изјави дека зголемувањето на цените на горивата за време на војната со Иран е „привремена флуктуација“ и ги повика потрошувачите да не паничат и да „издржат еден месец“ за да можат САД да ги „елиминираат терористите“.

Кациматидис изјави за „Форбс“ дека цената на нафтата би можела да достигне 100 долари за барел „во следните неколку дена“, но повтори дека тоа е „привремена флуктуација“, тврдејќи дека цените ќе паднат „исто толку брзо“ штом ќе се дозволи нормален сообраќај низ Ормутскиот теснец.

Тој додаде дека не направил никакви промени во набавките или работењето на неговата компанија „Јунајтед Рафининг Компани“ бидејќи верува дека конфликтот ќе заврши за „помалку од 30 дена“. Тој предупреди дека „никој не треба ни да помисли да им се спротивстави на САД бидејќи ќе бидат срамнети со земја“.

Тој исто така верува дека меѓународните нафтени компании „ја сакаат паниката бидејќи би сакале да заработат повеќе пари“, но нагласи: „Тоа не е наш случај“. Тој истакна дека не разговарал за цените на горивата со Трамп, но дека ќе го советува да „ги елиминира терористите побрзо“.

Цените на горивата на бензинските пумпи во Соединетите Американски Држави достигнаа 3,45 долари за галон во петокот, според ААА, што е за речиси 50 центи повеќе од пред една недела, објавува Index.hr.

ИЗДВОЕНИ