Специјалниот претставник на Владимир Путин за инвестиции и економска соработка и директор на Руската фондација за директни инвестиции (RFPI), Кирил Дмитриев, изјави дека светот се соочува со најтешката криза со цените на горивата.
„Се дискутира дека нафтата би можела да достигне 150 до 200 долари за барел. Тоа е важно за нашите предвидувања за Европа и Обединетото Кралство“, рече Дмитриев, пренесува ТАСС.
Тој додаде дека ниту Европа ниту Велика Британија не се подготвени за оваа криза и дека отфрлањето на руските енергетски извори им го отежнува положбата.











