Зголемената телесна тежина претставува сериозен здравствен проблем со загрижувачки раст и во светски рамки, но и кај нас, особено кај децата и адолесцентите. Според статистиките, преваленцата на обезноста во земјава се движи меѓу 30 и 35 проценти.

Во таа насока, особено значајна е улогата на центрите за третман на дебелина при Клиниката за ендокринологија и во ГОБ „8 Септември“. Неделава, во охридската болница беше отворен и првиот центар за менаџирање на дебелина во југозападниот регион.

Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со повеќе од 200 коморбидитети, меѓу кои кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби. Токму затоа, како што истакна министерот Азир Алиу, неопходен е силен мултисекторски пристап и подигнување на јавната свест за справување со овој глобален предизвик.

На симпозиумот, организиран од научното здружение за обезност ОБЕМ, беше нагласена потребата од превенција, едукација и координирана соработка меѓу институциите и невладиниот сектор.

Министерството за здравство најави дека ќе продолжи со мерките за поддршка, особено преку програмата за обезбедување инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер во крвта, со посебен акцент на едукацијата за третман и контрола на дијабетесот, имајќи предвид тесната поврзаност помеѓу обезноста и дијабетес тип 2.

ИЗДВОЕНИ