четврток, ноември 26, 2026
Дома КУЛТУРА Студентите и професорите на ФМУ заедно на концертната сцена по повод големиот...

Студентите и професорите на ФМУ заедно на концертната сцена по повод големиот јубилеј – 60 години

1
Во рамките на одбележувањето на големиот јубилеј – 60 години Факултет за музичка уметност, в петок, на 27 ноември, со почеток во 20:00 часот, во Музејот на македонската борба во Скопје ќе се одржи свечен концерт на кој заеднички ќе настапат студентите и професорите.
Настанот е дел од програмата за одбележување на значајниот јубилеј и претставува потврда на континуитетот, уметничкиот развој и меѓусебната соработка.
Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам и под покровителство на претседателот на Република Македонија.

ИЗДВОЕНИ