четврток, ноември 19, 2026
Дома БАЛКАН Напнато во српското Собрание! Вучиќ избувна поради едно прашање: „Не сме паселе...

Напнато во српското Собрание! Вучиќ избувна поради едно прашање: „Не сме паселе овци заедно!“

0

ПОранешниот српски претседател Александар Вучиќ, влезе во конфликт со еден новинар во ходникот на Народното собрание на Србија, откако беше прашан каде се наоѓа неговиот брат Андреј. Вучиќ бурно реагираше на прашањето, а снимка од вербалната расправија се појави во српските медиуми.

Инцидентот се случи во средата, на 18 ноември, додека Вучиќ се движеше низ собранискиот ходник по завршувањето на седницата. Еден новинар му пристапи и му постави директно прашање за неговиот брат.

„Вучиќ, каде е твојот брат Андреј?“ – праша новинарот, обраќајќи му се на Вучиќ со „ти“.
„Беднику еден – дома е, со своето семејство“, одговори Вучиќ.

Новинарот потоа го повтори прашањето: „Те прашувам – каде е твојот брат Андреј?“

„Дома е, со своето семејство. Срам да ти е – не сме паселе овци заедно!“ – возврати Вучиќ, очигледно незадоволен од начинот на кој новинарот му се обрати.

По кратката размена на зборови, друг новинар го праша Вучиќ дали следниот ден ќе го заврши своето обраќање, како што претходно најави.

„Јас секогаш ги исполнувам своите ветувања“, одговори тој, пред да си замине од собранискиот ходник.

Инцидентот се случи по уште еден бурен ден во српскиот парламент, во текот на кој се водеше дебата за кандидатите за функцијата претседател на Народното собрание.

По изборната победа на студентското движење на 25 октомври, во српскиот парламент се воспостави значително поинаков однос на силите. Студентската листа освои 140 од вкупно 250 пратенички места, додека листата на Вучиќ освои 103 мандати. Останатите седум им припаднаа на претставници на националните малцинства. Вучиќ, кој ја напушти претседателската функција по изборниот пораз, сега ја предводи опозициската пратеничка група, додека Студентската листа го има мнозинството потребно за избор на претседател на парламентот и за формирање нова влада.

ИЗДВОЕНИ