Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список пред Светското првенство што ќе се одржи во јануари наредната година, во Германија.

Мундијалот ќе се игра од 13 до 31 јануари наредната година, а Македонија, во групата, ќе ги одмери силите со селекциите на Исланд, Бахреин и на Јапонија, во Магдебург.

На списокот нема изненадувања, и тоа се, главно ,очекуваните имиња, меѓу кои ќе се бараат оние што ќе играат на Мундијалот. Меѓу 35-темина ракометари на поширокиот список се тројца интернационалци: Мартин Томовски (Битигхајм, Германија), Дмитро Хориха (ПИК Сегед, Унгарија) и Михајло Младеновиќ (Кретеј, Франција).

Но, на поширокиот список не се најде десното крило, Ненад Костески, кое веќе ги пропушти двата квалификациски натпревари против Луксембург и Грција. Очигледно е дека е посериозна повредата и не се очекува набрзо да се врати. Официјални информации од неговиот клуб Алкалоид засега нема, меѓутоа тој не е во комбинација за настап.

Сепак, според шпекулациите во ракометните кругови, станува збор за посериозна повреда на задниот бутен мускул. Поради сериозноста на повредата, тој ќе мора да биде опериран надвор од државата, што ќе го оддалечи од терените неколку месеци.

Подготовките на националниот тим ќе почнат на 22 декември, во две фази, а ќе бидат договорени и пријателски натпревари пред настапот на шампионатот.

Список на повикани играчи. Голмани: Мартин Томовски (Битигхајм), Васил Гогов (РК Вардар), Никола Митревски (Пелистер), Иван Галевски, Марко Кизиќ (Алкалоид); леви бекови: Филип Кузмановски (Пелистер), Дмитро Хориха (Пик Сегед), Павле Атансијевиќ (Пелистер), Михајло Младеновиќ (Кретеј), Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид); средни бекови: Марко Митев, Игор Ѓорѓиев, Дамјан Митев (Алакалоид), Мирчр Калајџиески (Пелистер), Мартин Ивановски (Охрид); десни бекови: Давид Савревски( Охрид), Мартин Велковски (Алкалоид), Томислав Јагуриновски (Охрид), Мартин Серафимов (Пелистер), Филип Николов (Алаклоид); леви крила: Петар Атанасијевиќ (Пелистер), Марио Стојановски (Вардар), Цветан Кузмановски (Пелистер), Иван Џонов (Алаклоид), Гоце Ојлевски (Охрид), десни крила: Александар Петковски (Алкалоид), Ален Косевски (Охрид), Никола Костески (Алаклоид), Ненад Белистојановски (Пелистер); пикери: Самоил Ристески (Пелистер), Милан Лазаревски (Вардар), Марко Стојковиќ, Михаил Аларов, Валентин Карасмакис (Алкалоид), Жарко Пешевски (Пелистер).

ИЗДВОЕНИ