Лука Дончиќ повторно беше во центарот на вниманието поради расправија со судиите, овој пат на натпреварот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Јута. Словенечката ѕвезда не го криеше незадоволството од судиските одлуки, а ситуацијата во еден момент беше толку напната што мораше да интервенира и Скот Брукс.
Инцидентот се случи на полувремето, кога играчите се упатуваа кон соблекувалните. Дончиќ претходно веќе доби техничка грешка, трета за него оваа сезона, а додека поминуваше покрај судијата Тре Медокс, очигледно му упатил коментар.
Медокс веднаш се сврти кон словенечкиот кошаркар и извика: „Што рече?“, подготвен да ја продолжи расправијата. Сепак, тренерот Скот Брукс реагираше навреме и ја смири ситуацијата, спречувајќи поголем инцидент.
Luka Doncic pierde los nervios y los árbitros se cansan de él.
De la técnica y un “es muy mala” a que Tre Maddox quiera encararse con el ex del Madrid, después de que este le dijera algo.
https://t.co/492eFJdct6
— guillermo garcía (@willy_garcia4) November 19, 2026
Претходно, Дончиќ се обиде да постигне неверојатен кош од речиси три четвртини од теренот, но топката за малку не заврши во мрежичката. Не е познато што точно му кажал на судијата додека заминуваше кон соблекувалната.
Тензичната атмосфера продолжи и во третата четвртина, кога беше досудена техничка грешка за клупата на Лејкерси. Дончиќ тогаш му пријде на друг судија и му порача: „Не се работи за тебе“.
Судијката Даника Баруди, според снимката од натпреварот, му одговорила: „Едноставно, не знаеш кога да престанеш“, алудирајќи на постојаните приговори од играчите и на стручниот штаб на тимот од Лос Анџелес.
Кај Јута блескаше Кијонте Џорџ со 30 поени и 10 асистенции, додека Ејс Бејли додаде 19 поени и осум скока. На спротивната страна, Дончиќ запиша 30 поени, додека Квентин Грајмс беше втор најефикасен кај Лејкерси, со 20 поени и седум скока.











