вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Напаѓачот на Трамп го надмудрил системот уште претходниот ден!

Напаѓачот на Трамп го надмудрил системот уште претходниот ден!

1406
EPA/Yuri Gripas / POOL

Во истиот хотел каде што беше застрелан тогашниот претседател Роналд Реган пред 45 години, изненадувачки лесно беше напаѓачот да се приближи до салата каде што вечераа претседателот Доналд Трамп, членови на неговата администрација и новинари во саботата навечер.
„Вашингтон Хилтон“, долгогодишно место за вечера на дописниците од Белата куќа, собра повеќе од 2.500 гости, вклучувајќи ги и високите владини претставници. И покрај најавите за строга контрола, гостите велат дека нивниот влез бил изненадувачки лесен. Поточно, доволно било да покажат билет или покана, без скенирање и без проверка на нивниот идентитет, пишува „Волстрит џурнал“.

„При влегувањето, никој не побарал детален преглед на мојот билет ниту побарал лична карта со фотографија. Сè што требаше да направам беше да покажам нешто што личеше на билет“, напиша политичарката Кари Лејк.

Гостите можеа да се движат низ делови од хотелот без безбедносни проверки, а поминаа само низ детектори за метал пред да влезат во главната сала. Многумина велат дека влезот им бил полесен отколку на големи спортски или концертни настани.

Клучниот пропуст бил што 31-годишниот напаѓач ја резервирал собата претходниот ден, што му дало детален увид во распоредот на хотелот. „Тој не го надмудрил безбедносниот план таа вечер. Го надмудрил во денот кога ја резервирал собата“, рекол Џејсон Пак од Кралскиот институт за обединети услуги (RUSI), додавајќи: „Тие поставиле таков периметар за да сопрат војска, а се испоставило дека му бил потребен само клуч од собата“.

Осомничениот Кол Томас Ален патувал со воз до Вашингтон и во своите записи навел дека внел неколку парчиња оружје во хотелот, убеден дека никој не го гледа како закана.

Непосредно пред нападот, тој го испратил својот манифест до своето семејство, во кој напишал: „Што, по ѓаволите, прави Тајната служба? Очекував камери и строги контроли, а не добив ништо. Целото обезбедување е фокусирано надвор бидејќи очигледно никој не размислувал што ако некој дојде претходниот ден.“

Дали редоследот на евакуација значи предност – зошто Џ.Д. Венс беше првиот што е изнесен од салата во Вашингтон?

ИЗДВОЕНИ