четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Најава за невреме, но температурите ќе одат до 34 степени Целзиусови

Најава за невреме, но температурите ќе одат до 34 степени Целзиусови

36

Времето утре според најновата прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Во петок и во сабота времето ќе биде стабилно со пониски температури. Од недела температурите повторно ќе бидат во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните утрински температури ќе се спуштат до 6 степени додека дневните максимални температури ќе се искачат до 34 степени.

ИЗДВОЕНИ