Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет денеска призна дека Израел шверцувал интернет уреди Старлинк во Иран за да им помогне на демонстрантите против иранската влада, но рече дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху не ги спровела тие планови.
Бенет, кој беше премиер од 2021 до 2022 година, на Самитот за меѓународна политика во Ерусалим рече дека го иницирал „процесот на набавка и шверц на десетици илјади Starlink приемници во Иран што ќе овозможат континуитет на интернетот и социјалните мрежи“, пренесува Ројтерс.
Старлинк е давател на интернет услуги во сопственост на Спејс Икс на Илон Маск, а Иран претходно ги обвини Израел и Соединетите Држави за шверц на уреди Сталинк за да ја поткопаат националната безбедност.
Сталинк нема лиценца за работа во Иран, но Маск претходно изјави дека услугата на неговата компанија е активна во таа земја.
Бенет рече дека уредите Сталинк биле наменети за демонстрантите со цел да се овозможи подобра координација меѓу нив и успех во соборувањето на иранската влада, пренесува Танјуг.
„За жал, сегашната неспособна израелска влада го спречи тоа“, рече Бенет.
Канцеларијата на Нетанјаху не одговори веднаш на барањето за коментар за изјавите на Бенет.












