среда, август 12, 2026
Дома СКОПСКА Над 30 рефлектори ќе го осветлуваат фудбалскиот стадион во Илинден

Над 30 рефлектори ќе го осветлуваат фудбалскиот стадион во Илинден

38

Општина Илинден продолжува со доградбата и модернизацијата на фудбалскиот стадион во населбата Илинден, со цел создавање современи услови за развој на спортот и организирање натпревари според највисоките стандарди.

Од Општината соопштија дека почнало поставувањето современ систем за осветлување со над 30 рефлектори, кој ќе овозможи одржување тренинзи и натпревари и во вечерните часови, согласно со современите европски стандарди и УЕФА-критериуми.

– Поставувањето на осветлувањето е дел од поширок проект што се реализира во повеќе фази, при што во претходниот период беше извршена целосна реконструкција и проширување на фудбалскиот терен, поставена е нова вештачка трева, изградена е заштитна ограда и имплементиран е современ систем за дренажа – појаснуваат од Општина Илинден.

Притоа, додаваат дека паралелно се одвива и изградбата на нова трибина со капацитет а1.100 гледачи, како и современи поттрибински административни и технички простории.

– Проектот предвидува изградба на соблекувални со санитарни јазли и тушеви, простории за судиите и за службените лица, тоалети за посетителите, вклучително и за лицата со попреченост, магацински и складишни простории, како и посебен коридор за движење на играчите. Со него е предвидено и хортикултурно уредување на околниот простор, изградба на паркинг за повеќе од 60 возила, како и обновување на комуналната инфраструктура – потенцираат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ