четврток, октомври 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Ле Пен против влезот на Украина во ЕУ: Франција ќе загуби!

Ле Пен против влезот на Украина во ЕУ: Франција ќе загуби!

0

Кандидатката на француската десница за претседател на државата, Марин Ле Пен, изјави дека француското земјоделство би било во загуба доколку Украина стане членка на Европската Унија, како и дека Франција меѓу првите би ги почувствувала негативните последици од таквото проширување.

Ле Пен на социјалната мрежа X ги наведе клучните причини.

„Не само што би се соочиле со остра и нефер конкуренција, туку и делот од буџетот на Заедничката земјоделска политика наменет за француското земјоделство значително би се намалил“, порача таа.

Нејзината изјава следуваше неколку дена откако европската комесарка за проширување, Марта Кос, го претстави нацртот на новите пристапи за проширување на ЕУ. Притоа, таа рече дека за Украина би можеле да се применат земјоделски одредби кои се разликуваат од оние за останатите земји кандидатки.

Украинската влада порача дека не може да прифати модел на членство кој би вклучувал трајни ограничувања за продажба на одредени прехранбени производи на пазарот на ЕУ.

Потпретседателот на украинската влада задолжен за европски и евроатлантски интеграции, Всеволод Ченцов, изјави дека Украина како почетна точка ја гледа целосната интеграција на својот земјоделски сектор во единствениот пазар на ЕУ.

Тој додаде дека преодните механизми мора да бидат оправдани, пропорционални и временски ограничени.

ИЗДВОЕНИ