недела, ноември 1, 2026
Дома СВЕТ Институционална криза во членка на Европската Унија, се бара смена на премиерот

Институционална криза во членка на Европската Унија, се бара смена на премиерот

36
EPA/Radek Pietruszka POLAND OUT

Опозицијата во Полска најави дека ќе поведе иницијатива за недоверба на владата на премиерот Доналд Туск, додека политичката и уставната криза во земјата дополнително се интензивира. Поранешниот премиер, Матеуш Моравјецки, предложи формирање привремена влада што ќе ја води земјата до нови парламентарни избори. Полска има таков систем што опозицијата не може да го замени само премиерот туку мора да предложи и негов наследник.

– Нашиот предлог е техничка влада предводена од Марек Јурек, која би останала на функцијата до изборите, на кои ќе се одлучува за новото парламентарно мнозинство – рече Моравјецки.

За успех на иницијативата е потребна поддршка од најмалку 231 претставник во Сејмот, кој има вкупно 460 места.

Оваа иницијатива произлезе од конфликтот околу полскиот Уставен суд минатата недела, поради што претседателот Карол Навроцки го прекина своето патување во Сенегал и нареди да се сврти авионот за да се врати во Полска. Тој ги нарече овие настани кршење на уставниот поредок и насилно преземање државна институција.

Кризата избувна откако судијката Ана Корвин-Пјотровска, на која Навроцки не ѝ ја прими заклетвата како новоизбрана судијка, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјенчковски, и уште еден судија и го презеде раководењето со институцијата. Швјенчковски и опозициската партија Право и правда ја отфрлаат легалноста на таквата одлука и ги обвинуваат сојузниците на Туск дека се обидуваат да ја преземат контролата врз Судот. Поради овие превирања, пред зградата на Уставниот суд во Варшава се собраа демонстранти, меѓу кои и опозициски политичари, при што беа притворени три лица.

Владата на Туск тврди дека се обидува да го врати владеењето на правото по осум години владеење на Право и правда, во текот на кои беа спроведени контроверзни промени во судскиот систем, при што тој ја загуби независноста. Од друга страна, Право и правда и претседателот Навроцки ја обвинуваат владејачката коалиција дека се обидува да ја преземе контролата врз независните институции под изговор за судска реформа.

 

ИЗДВОЕНИ