Сè повеќе тенисери се незадоволни од организацијата на мастерсот во Рим, а последна што јавно го искажа своето мислење е германската тенисерка Лаура Зигемунд. Таа предизвика бура на ВТА-турнирот во Рим, не поради своите игри туку поради острите критики за однесувањето на публиката. Откако победи во двојки, Зигемунд се отвори и откри низ каков пекол поминуваат професионалните спортисти поради агресивни поединци, особено спортските обложувалници.
Сè кулминираше кога на еден од натпреварите Лаура влезе во директен вербален конфликт со маж од публиката што ја провоцираше.
- Ова се луѓе на кои навистина им треба лекар – изјави Зигемунд за „Скај“, видливо потресена од она што го доживеа на теренот.
Таа објасни дека се соочила со слични ситуации и во поединечна конкуренција, каде што навивачите постојано викаа во текот на поените и ја прекинуваа играта.
- Обезбедувањето мора да ги исфрли таквите луѓе. Тие немаат место на тенискиот терен. Тие се идиоти што се обложуваат и се однесуваат без никакво почитување. Тие ги преминуваат сите граници и го уништуваат овој спорт – отворено зборуваше Германката.
Особено застрашувачки дел од нејзиното сведочење беше оној за тоа што се случува надвор од теренот, на социјалните медиуми, каде што тенисерките редовно се цел откако обложувалниците ќе загубат пари на нивните натпревари.
- Ова се истите луѓе што ви пишуваат на „Инстаграм“: „Ќе ви го убијам семејството“. Група целосно растроени луѓе доаѓаат, викаат, ви зборуваат директно во уво додека ја менувате страната или го бришете лицето со крпа – го опиша Зигемунд ужасот низ кој поминува.
И покрај победата на натпреварот што го предизвика овој гнев, Зигмунд и нејзината партнерка, Вера Звонарева, подоцна беа елиминирани во осминафиналето на турнирот, со што завршија со натпреварувањето во Вечниот Град.











