четврток, јуни 25, 2026
Дома МАГАЗИН На Мирјана Митрева родното Кавадарци ѝ дава ветер во грб – слегнаа...

На Мирјана Митрева родното Кавадарци ѝ дава ветер во грб – слегнаа впечатоците по освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“

14

Македонската пејачка Мирјана Митрева, која го освои второто место во финалето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, деновиве, откако ѝ легнаа впечатоците по целата таа еуфорија, се огласи до сите, со моќна порака.

– Освоеното второ место не е само мој успех туку и успех на сите што беа со мене, со секој настап, секој предизвик и секој момент – порача згодната Мирјана, упатувајќи особена благодарност до своите сограѓани од Кавадарци, но и до сите од Македонија и од дијаспората што гласаа за неа.

Таа објави провокативна секси фотографија во црвен фустан на која доаѓаат до израз, пред сè, нејзините долги еротски нозе, „подарок“ од мајката природа. Инаку, Мирјана насекаде истакнува дека е неизмерно горда што имала можност да ја претставува својата земја, Македонија, на ваква голема музичка сцена. Тоа ѝ дава дополнителен мотив за понатамошната кариера.

– Секако дека упатувам особена благодарност и до мојот роден град, Кавадарци, кој уште еднаш покажа колку големо срце има.

Со тоа, Мирјана потврдува дека родниот град е тој што отсекогаш ѝ давал и сила и ветер во грб!

(Д. М.)

ИЗДВОЕНИ