На израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир му е забранет влез во Франција, објави денес францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.
Баро на социјалната мрежа Xu изјави дека одлуката е донесена поради „неприфатливите постапки“ на Бен Гвир во врска со активистите на хуманитарната флотила „Глобал Сумуд“ за Газа, кои беа приведени од израелските власти, објави Le Figaro. Израелскиот министер објави видео претходно оваа недела на кое се гледа како странски активисти, вклучувајќи француски државјани, се понижувани и принудени да клекнат со врзани раце.
Француските власти претходно го повикаа амбасадорот на Израел за да протестираат против она што го опишаа како „неприфатливи“ постапки.
Неговите потези предизвикаа меѓународен бес и осуда, како и критики во рамките на израелската влада. Бродовите на флотилата „Глобал Сумуд“ испловија од јужна Турција по трет пат во четврток, откако Израел пресретна претходни мисии во меѓународни води.
Флотилата „Глобал Сумуд“ вчера објави дека сите 50 бродови од флотилата биле пресретнати во Источниот Медитеран и дека 428 учесници од повеќе од 40 земји биле приведени, пренесе „Танјуг“.












