среда, јули 8, 2026
Дома СВЕТ По низата корупциски скандали: Десетици илјади луѓе протестираат во Мадрид против владата...

По низата корупциски скандали: Десетици илјади луѓе протестираат во Мадрид против владата на Педро Санче

111
Фото: EPA/DANIEL GONZALEZ

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците на Мадрид на протест, барајќи шпанскиот премиер Педро Санчез да поднесе оставка по низата корупциски скандали поврзани со неговата влада.

За време на протестот, полицијата приведе неколку маскирани лица откако група демонстранти се обиде да ги пробие бариерите околу резиденцијата на Санчез, објави „Ројтерс“.

Околу 40.000 луѓе учествуваа во протестот, барајќи предвремени општи избори, пренесе „Танјуг“.

Лидерите на опозициската Народна партија и крајно десничарската партија Вокс, исто така, учествуваа во претежно мирните демонстрации.

Шпански суд објави во вторникот дека поранешниот социјалистички премиер на Шпанија, Хозе Луис Родригез Запатеро, е под истрага за наводно водење мрежа за трговија со влијание и перење пари, што е нов удар врз левичарската влада оптоварена со корупциски скандали.

Запатеро, клучен сојузник на сегашниот премиер, во вторникот негираше какво било незаконско дело.

Организаторите рекоа дека 80.000 луѓе учествувале во протестот, додека претставник на шпанската влада во Мадрид процени дека имало околу 40.000.

ИЗДВОЕНИ