вторник, јули 7, 2026
Дома МАГАЗИН Во шума во близина на Берлин се пронајдени 59 гранати од Втората...

Во шума во близина на Берлин се пронајдени 59 гранати од Втората светска војна

57
Фото:википедија

Во шумата Бухер во близина на Берлин се пронајдени 59 гранати на руската армија со потекло од Втората светска војна, а полицијата соопшти дека нема опасност за жителите, пренесоа денеска германските медиуми.

Гранатите ги пронашол човек кој трагал по заостанати предмети од Втората светска војна со помош на детектор за метал, пренесе гермаски „Билд“.

Човекот ја информирал полицијата за пронајденото, а властите потоа го затвориле подрачјето во шумата, во округот Панков.

Во текот на неколку часа, истражителите ископале вкупно 59 неексплодирани советски гранати со калибар 122 милиметри, со вкупна тежина од 1,5 тони.

„Парче по парче, гранатите се обезбедени, собрани и професионално транспортитани“, изјави портпаролот на полицијата.

Муницијата од Втората светска војна е потоа превезена на локација во Груневал за да биде уништена, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ