Македонскиот кошаркарски шампион – МЗТ Скопје, ја обнови соработкакта со Дамјан и Војдан Стојановски , што беше и еден од главните приоритети на управата во пресрет на новата сезона.
За капитенот Дамјан ова ќе биде 14. сезона во сино-белиот дрес, во која ќе атакува на својата јубилејна 12-та шампионска титула – сите освоени со МЗТ Скопје. Пред Војдан, пак, е шестата сезона во клубот од Аеродром, откако првпат се приклучи на почетокот на 2022 година.

Продолжувањето на соработката со браќата Стојановски е уште една потврда на клупска определба тимот да биде предводен од најквалитетните македонски кошаркари. Претходно, во клубот се врати репрезентативецот Лука Стојановски, а беше ангажиран и талентираниот босански интернационалец, Емир Крајиниќ.
Актуелен договор со МЗТ Скопје имаат уште Андреј Андоноски и Марин Петков, со што полека почнуваме да го пополнуваме ростерот за предизвиците што нѐ очекуваат во домашните натпреварувања, АБА2 лигата и во – ФИБА Еврокупот.












