среда, август 26, 2026
Дома СВЕТ Украинските напади со беспилотни летала ја погодија рафинеријата во југозападниот дел на...

Украинските напади со беспилотни летала ја погодија рафинеријата во југозападниот дел на земјата

57
Фото:пекселс

Пожар избувна во рафинеријата за нафта Илиски во југозападна Русија по нападот со беспилотни летала, а властите ја евакуираа областа погодена од нападот, соопштија официјални лица утрово.

Според прелиминарните информации, никој не е повреден во рафинеријата во Краснодарската област, објавува „Ројтерс“.

Пожари избувнаа и во Ростовската област, во две складишта за гориво, како и во пристаништето Таганрог, изјави локалниот гувернер Јуриј Сљусар на „Телеграм“.

Градоначалничката на Таганрог, Светлана Камбулова, изјави дека властите ги евакуирале луѓето од нивните домови во погодените области, и дека една куќа е оштетена, а покривот на административната зграда се запалил.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана соборила 376 украински беспилотни летала преку ноќ.

Украина ги засили нападите врз руската енергетска и друга инфраструктура во последните месеци, што доведе до недостиг на гориво низ цела Русија, пренесува „Бета“.

ИЗДВОЕНИ