Европските берзански индекси денес се претежно малку во пораст, а цените на Брент нафтата се движат околу 76 долари за барел, бидејќи инвеститорите внимателно ги следат случувањата на Блискиот Исток.
Најновите извештаи покажуваат дека САД и Иран ќе продолжат со мировните преговори и покрај неодамнешната ескалација на конфликтот, што донекаде ги смири пазарите и придонесе за пад на цените на енергијата, објавува „Си-ен-би-си“.
Според податоците на берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта WTI падна за 0,76 проценти на 71,535 долари за барел, а цената на Брент нафтата за 0,88 проценти на 75,719 долари.
Германскиот DAX порасна за 0,23 проценти, францускиот CAC 40 за 0,2 проценти, британскиот FTSE 100 за 0,21 процент, додека московскиот MOEX падна за 1,12 проценти.
На повеќето европски пазари е забележан пад на технолошките акции, што укажува на поширок тренд на загриженост за одржливоста на големите инвестиции во вештачката интелигенција, објавуваат медиумите.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,14385 долари.
Цената на златото падна на 4.113,72 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 6,0514 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг).
Американскиот индустриски индекс Дау Џонс во четвртокот затвори со пораст од 0,27 проценти на 52.487,41 поени, S&P 500 порасна за 0,81 процент на 7.543,64 поени, а Nasdaq порасна за 1,3 проценти на 26.206,89 поени.












